Стружанецот Ердал Лушо тргнува на херојска мисија – 16 месеци сам ја градеше својата едрилица „Пиксел“ и наскоро ќе ја започне пловидбата преку Атланнтскиот Океан. Тој ќе се натпреварува против 7 учесници од целиот свет – единствените кои успеаја да се квалификуваат за оваа адреналинска трка.
Ердал Лушо е еден од осумте учесници на оваа трка од целиот свет кои успеале да се квалификуваат на трката.
Сите учесници, според правилата, сами мора да ја изгреадат својата едрилица, пренесува Црно Бело.
А потоа, кога ќе почне трката, пловејќи во едрилицата без мотор, водени само од ветерот и своите способности за управување и тактики, треба да го поминат Атлантскиот Океан, па од Португалија да стигнат до Карибите.
Ова е исклучително напорна трка и бара огромна подготовка, а Ердал освен подготовките на едрилицата, се подготвуваше и на вода.
Тој веќе е во Португалија, каде што денес (11.11) требаше да започне трката, која трае 40 дена, но поради лошото време стартот е одложен за неколку дена.
Патувањето на Ердал ќе може да се следи во живо преку https://live.garmin.com/erdalluso.
