Светските музичари од „Форплеј“ за Македонија слушнале од Библијата

Светски познатиот џез квартет „Форплеј“, кој годинава го отвора 57 то издание на фестивалот „Охридско лето“,  пристигнаа  во Охрид.

Врвните музичари заедно со Оркестарот на македонската филхармонија се очекува да приредат вистински спектакл, утре на Античкиот театар.

Престојните 40 фестивалски денови  на прохграмата на најпрестижната културна манифестација ќе има 33 врвни концерти, џез вечери, 9 театарски и 2 балетски претстави, филм за охридскиот бисер и изложби. Врвна уметност и многу атрактивни содржини.

-Не очекуваат 57 настани во престојните 40фестивалски денови. За прв пат в историјата на фестивало на свеченото отварање ќе имаме џез настан, кој предизвика невиден интерес кај публиката. За уштрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот буквално од целиот регион. Исто така како новина се џез вечерите на 19, 21,22 и 23 јули, вели Оливер Арсовски директор на фестивалот „Охридско лето“.

Светските музичари за прв пат се на овие простори, а за Македонија слушнале од Библијата. 

– Среќен сум што соработуваме со македонскиот филхармониски оркестар  и со луѓето од Македонија, но исто така бидејки Македонија е спомената во библијата среќен сум што  сум овде во една библиска земја , вели Харли Мејсон „Форплај“. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани