Свежо цвеќе од политичарите во чест на Свети Кирил и Методиј

И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го одбележаа Денот на сесловенските просветители.

 

 

Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.
Со своето дело тие им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.
Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, тие го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.
Темелот кои тие го составија е создавањето на првата азбука – глаголицата. Од неа подоцна нивните следбеници, предводени од Свети Климент Охридски,кој живеел и творел овде во Охрид и неговата околина ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо,процес заокружен со непроценливиот труд на Блаже Конески.
Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, сесловенските просветители Кирил и Методиј денес се слават ширум светот и веќе се дел од европското културно и духовно наследство.
Честитајќи ви го денот соопштуваме дека денеска во Градскиот парк делегација на ОО СДСМ Охрид предводена од претседателот и кандидат за пратеник Лазе Таневски, актуелната пратеничка и кандидат за пратеник во идниот македонски парламент Жаклина Лазаревска, придружувани од претставници на ЛК на СДММ се поклонија и положија свежо цвеќе на споменикот на првоучителите Св. Кирил и Св. Методиј.“, стои во честитката на СДСМ Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

„Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература. Тие се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.

Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација за кои тие се залагаа и денес се основни универзални и европски човечки вредности.

Нивната мисија е најдобро изразена преку просветителскиот континуитет на учениците, големите дејци свети Климент и свети Наум.

Светите браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Светот, Европа и Македонија.

Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да ги негуваме и чуваме македонскиот јазик, македонската традиција и македонскиот идентитет.

Нека е вечен нивниот спомен и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!, стои во честитката на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани