Свикана десеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 18.04.2022 година (понеделник) со почеток во 09,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Советнички прашања.
2. Предлог-одлука за примање на донација од Државна Видеолотарија-Касинос Аустриа ДОО Скопје во уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка во општина Охрид.
3. Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година.
4. Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1).
5. Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2).
6. Предлог-одлука за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ).
7. Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1).
8. Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1).
9. Предлог-одлука за измена и дополнување на буџетот на ЕЛС Општина Охрид за 2022 година.
10. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за реализација на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ преку партиципација и сопствено учество на општина Охрид.
11. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид.
12. Предлог-одлука за донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца.
13. Предлог-одлука за изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.
14. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за воведување на нова дејност на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
15. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
16. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на слуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
17. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид (Пречистен текст).
18. Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година со инегриран финансиски извештај за 2021 година.
19. Предлог-одлука за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на општина Охрид.
20. Предлог-одлука за давање на користење недвижен имот – урбана опрема.
21. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот на членови на комисија за урбанизам.
22. Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 2.78 од Детален урбанистички план за 6-та УЗ, УБ 6.2 опфат 1, општина Охрид.
23. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 (КП 1688/2 и дел од КП 1688/1) и ГП 2 (КП 1688/1 и дел од КП 1687/1) во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ” во КО Охрид 4 – Општина Охрид.
24. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 формирана на КП 4514/1 и делови од други КП и ГП 2 формирана на дел од КП 4500 и делови од други КП во ДУП за 11-та Урбана Единица – Охрид, МЗ Видобишта во КО Охрид 4, Општина Охрид.
Прекинатата 8-ма седница на Советот на општина Охрид, која беше одржана на ден 10.02.2022 година, ќе продолжи на ден 18.04.2022 година (понеделник), веднаш по завршувањето на закажаната 10-та седница.