СВР Охрид не отстапува од силните контроли

Стотина полициски контроли за изолација и самоизолација.

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 119 лица (Охрид-47, Струга-48, Кичево-24). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 90 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 22 лица (Охрид-16, Струга-3, Дебар-3). Врз овие лица, извршени се 15 контроли.
Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 53 контроли врз угостителски и други објекти, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани