Татко пријавил закани и напад од сопствениот син.
На ден 29.08.2025 година во 22,45 часот во СВР Охрид А.К. (76) од Охрид пријави кривично дело – „загрозување на сигурноста“ согласно чл 144 ст 3 од КЗ на РСМ а против неговиот син Р.К.(48). Според пријавата истиот ден во семејниот дом пријавениот постојано му барал пари најверојатно за да купи дрога но бидејќи А.К. немал да му даде, Р.К. почнал да му упатува закани по животото на пријавителот а потоа почнал да ги крши стаклата од возилото на пријавителот. По превземени мерки полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.К. и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
