Започна новата учебна година. На првиот училишен ден градоначалникот Кирил Пецаков ги посети првачињата во новоизграденото основно училиште Кочо Рацин, кое од денес започнува со работа новата училишна зграда во простоиите на поранешната Касарна. Локалната самоуправа покажа дека стои цврсто зад образованието како приоритет. Во време кога светот се менува со невидена брзина, токму вложувањето во овај сегмент од општественото живеење е најдоброто наследство, што можеме да им го оставиме на нашите деца, рече Пецаков во своето обраќање.
-Дозволете ми да им се обратам на најважните ѕвезди на денешниот ден, нашите парвачиња. Драги првачиња, денес за прв пат ке седнете во училишната клупа, ке ја запознаете својата прва учителка, ке ги запознаете своите први училишни другарчини и ке започнете на убаво и весело патување низ бухвите и бројките. Нека вашите чекори бидат сигурни, а вашите насметки искрени. Вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост. И мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно и безгрижно детство. Нека е честит првиот училишен ден, нека е среќна и успешна новата учебна година, рече Пецаков.
Нашето училиште секогаш ја чувствувало грижата и поддршката на Општина Охрид, која вложува во подобри услови за наставата, во создавање пријатна и безбедна средина за учениците, рече директорката на Кочо Рацин во своето обраќање.
– Тука во ова училиште ќе учите, ќе се смеете, ќе играте и ќе се дружите. Тука ке учите како да бидете добри другари, како да помагате и да се грижите за другите. Но најважно од се, овде ке учите како да верувате во себе и во своите способности. Ова е почеток на еден процес што ке ве води низ целиот ваш пат како ученици, но и како луѓе кои ке бидат важни членови на општеството. Овој ден е многу важен за вас, но и за нас, сите ние кои ќе бидеме тука да ве поддржуваме, , рече Славица Котеска директорката на ОУ Кочо Рацин.
Охридските училишта се подготвени за новата учебна година, а во училишните клупи седнаа над 420 првоодделенци.
Новинар Соња Рилковска

