Тепачка пред казино во Охрид.
На 05-02-2022 година во 22,05 часот, пред казино лоцирано на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Д.(23) и А.Ј.(18) врз Д.М.(19), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Охрид.
