Хрватската легендарна певица Тереза Кесовија ќе ги отвори годинешните „Вевчански видувања“. Познатата и надалеку прочуена уметничка колонија на која со години настапуваат автори од сите страни на светот, традиционлано ќе се одржи во реномираниот ресторан „Виа Игнација“ во неповторливото Вевчани.
Отворањето е закажано за вечерва vo 21 часот.
Повеќе од 30 ликовни уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Франција, Албанија, Бугарија, Турција и Русија годинава ќе учествуваат на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ .