Тереза Кесовија: Вевчани е центарот на светот

Прекрасната дива Тереза Кесовија се вљуби во Вевчани.

На денешната прес конференција пред новинарите кажа дека за неа Вевчани е центарот на светот. 

– Вевчани ецентарот на светот. Тоа ми го кажа Горѓи, сопственикот на ресторанот Виа Игнација, а јас му верувам. Никогаш претходно не сум била овде но можам да кажам дека е прекрасно, преубава природа. Има нешто неверојатно што мене ме потсеќа на мојот роден крај. Додека патувавме наваму од едната страна е прекрасното езеро, а од друга страна полиња, прекрасни планини, божествена природа која ми буди поинакво чуство како да сум во рај, рече Кесовија.

Публиката во цела Македонија ми е многу драга, рече Кесовја, која зад себе има 56 години искуство на музичката сцена. На своите 79 години таа и денес е прекрасна, физички активна но и премногу позитивна и насмеана.

– Во времето на бивша Југославија, многу често имав настапи во Македонија. Колку години изминаа, а мене ми се чини како да не беше ногу одамна, Многу сум среќна,  знам дека ништо не е случајно па дури и моето доаѓање овде во Вевчани не е случајност. Дојдов со едено неверојатно чувство дека овдешните домаќини не само што се неверојатно добри луѓе туку и дека таа добрина ја пренесуваат на сите, вели Кесовија, која  признава дека се вљубила во пречекот што и го приредија надалеку прочуените добри домаќини – вевчанците.

Навраќајки се на минатото, како било на музичката сцена во споредба со денес, искусната певица вели порано се внимаваше на квалитет а денес на други поинакви вредности. 

-, Во минатото за да се биде пејач мораше да се има глас и талент, но и да се учи, а денес младите внимаваат само на своето тело и облека….. Има квантитет но нема квалитет, вели Кесовија. 

На прашањето дали се чуствува како ѕвезда таа скромно одговори:

„Не сум ѕвезда, ѕвездите се на небото. Јас сум обичен човек кој има талент од Бога и со љубов ја работи својата професија“.

Хрватската дива вечерва ја отвора ликовната колонија Вевчански видувања во општина Вевчани, која традиционално се одржува во реномираниот ресторан Виа Игнација. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани