Тешко повреден охриѓанец, паднал од кров

На 25.04.2018 година во 11.00 часот во СВР Охрид, од болницата Св.Еразмо, било пријавено дека кај нив бил донесен С.Б. (47) од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.

Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.  С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани