И во наредните денови ќе преовладува топло пријатно есенско време. Малку постудени утра, но дневните температури над просекот.
Како што најавуваат европските хидрометеоролози, до крајот на октомври се очекуваат температури од 7 до 10 степени повисоки во однос на просечните за овој период од годината.
Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 Целсиусови степени.
