Традиционална средба на фудбалерите од клубот „Дримкол“ Вевчани

На почетокот од месец септември, поточно на 8 Септември на Денот на независноста на Македонија, се одржа традиционалната средба на фудбалерите од сите генерации на фудбалскиот клуб „Дримкол“ од Вевчани во ресторанот „Домаќинска куќа“. Средбата и овој пат беше вистинско место за обновување на сеќавањата кај фудбалерите… Во минатото овој Вевчански фудбалски  клуб имаше подеми и падови, но она што е најважно е, фактот дека тој веќе со децении не постои. Обидите да се возобнови неговата фудбалска слава, за жал, невродува со плод, од едноставна причина, што и покрај сите ветувања на досегашните градоначалници на Општина Вевчани, завршува само на ветувања и ништо повеќе. Но она што е најсрамно е фактот дека еден поранешен општински моќник сета средена документација што  грижливо со децении педантно ја водеше и чуваше во просториите на „Дримкол“ фудбалерот и тренер Лимпе Парталоски, и со цел да се избришат трагите на многу вевчански младинци – фудбалери, ја однесе и ја изгоре на депонијата во Струга. Сочувани се само две фотографии од ФК „Дримкол“ од пред шеесет години кои жално сведочат за едно време, кое фудбалот се славеше во Вевчани, а секоја победа на клубот беше празник за населбата и служеше за пример на другите соседни населби…

На традиционалната средба присуствуваше и доајенот на вевчанскиот фусбалски клуб „Дримкол“, 83 годишниот новинар и хроничар на Вевчани  во пензија Мишо Китаноски, кој ги има сочувано двете ( за вечен помен ) фотографии. Тој од книгата што ја подготвува со наслов „Вевчанска фудбалска хроника“, оддели едно свое сеќавање кое се однесува на времето пред 1959 година. Тој вели: „По еден натпревар на ридот во Подгорци и по нрешениот резултат, врќајќи се Вевчани, се договоривме да се одржи конференција, на која ќе се прослави постоењето на фк „Дримкол“. Конференцијат на крајот од јули 1958 година се одржа во тогашната продавница на ЗЗ „Светлос“ во куќата на Пупини. Иако просторот беше ограничен, интересеот беше голем и присуствуваа повеќе од четириесетина младинци и учители. Избравме за прв пат своја управа во која влегоа колку што се сеќавам фудбалерите Благоја Кукоски, Наум Алулоски, учителот Владо Парталоски, Мирко Коруноски, иако бев најмал и мене ме избраа во управата. За тренер на екипата со аплауз едногласно го избравме Атанас – Тане Русески кој беше дел од управата. Усвоивме и правила. Игравме без спортска опрема ( што се гледа од првата фотографија), во Подгорци, безброј пати, на турнирите во фудбал во Вишни и Долна Белица, имавме и средби и со екипите од Октиси и, Лабуништа и др… На воодушевувањето му немаше крај, кога преку Благоја Кукоски, издејствувавме од тогашното ГЗЗ Претпријатие „Дримкол“, во 1960 година, ни го купи првиот комплет дресови ( што е овековечен на втората зачувана фотографија). Кога го добивме првиот комплет дресови се радувавме како мали деца, а кога се облековме пак, од радост се прегрнувавме. Најмногу сакавме да играме во Вишни и Долна Белица, зашто на натпреварита доаѓаа многу девојки – средношколки да не гледаат и, тоа е за паметење“, заврши во своето сеќавање Мишо Китаноски.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани