Општинскиот изборен штаб Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот на општина Дебарца најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа,стои во соопштението до јавноста.
Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите во Република Македонија.