Македонскиот афористичар со струшко потекло, Витомир Долински, ќе настапи на 15. меѓународен фестивал за хумор и сатира „Сатира фест“, кој ќе се одржи на 10 октомври во Белград.
Витомир Долински, македонски публцист и афористичар од струшкото село Јабланица, заедно со афористичарот, Миле Ѓорѓијоски, ќе настапат на 15. меѓународен фестивал за хумор и сатира „Сатира фест“, кој ќе се одржи на 10 октомври во Белград. Овогодинешниот собир на најдобрите афористичари и сатиричари од Балканот и пошироко се одржува на тема „Беше еднаш еден лав“ посветен на 95-годишнината од раѓањето на големиот српски книжевник за деца Душан Радовиќ.
„Сатира фест“ е најзначајниот фестивал за хумор и сатира на Балканот, на кој учествуваат најзначајните автори од оваа област во регионот и пошироко. Учеството на овојфестивал не е само признание за авторите кои учествуваат туку и за хуморот и сатирата од каде што доаѓаат. Сатиричарите Витомир Долински и Миле Ѓорѓијоски и годинава, во Белград ќе ја претставуваат Република Македонија.На фестивалот ќе биде доделено највисокото признание во областа на сатирата-наградата „Златен круг“ за придонес во развојот на светската сатира. Добитници на оваа врвна награда во областа на сатирата се и македонските сатиричари Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски, а и двајцата се членови на Друштвото на писатели на Србија.Инаку, во соработка со ЈЛБ „Илинден“ од Делчево, македонските сатиричари за време на својот рпестој во Берлград ќе донираат книгина библиотеката при Националниот совет на Македонците во Србија.