Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.