Првите десет дена од кампањата, најголемиот дел од донациите и членарината, партиите ги трошеле за пропаганда и медиумско рекламирање.
Кампањата најскапо ја чинела ВМРО- ДПМНЕ, која за промоција во медиумите до сега потрошила 23 илјади евра. Најмногу во телевизиите Сител и Нова, додека, рекламирањето на порталите Курир и Република, партијата ја чинело безмалку 4.000 евра. Како најголеми донатори, пак во извештаите на опозицијата се јавуваат кандидатите за градоначалници Ивица Коневски, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Владо Мисајловски и Јохан Тарчуловски и тоа со суми од 500 до 1000 евра.
Во владеачката СДСМ пак, меѓу 76-те донатори се издвојува сумата на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски – односно околу 2 ипол илјади евра, а има донации од физички лица кои доспеваат дури до 3000 евра. За реклами, власта до сега навела дека потрошила околу 17 илјади евра, од кои 12 ипол илјади во телевизија Алсат- М.
Прашање е колку овие прикажани трошоци се реални?
Сепак овие детали, според дел од набљудувачите на изборниот процес, се само навидум транспарентни.
„Партиите се обидуваат да постигнат некаков ефект на транспарентност, но тоа е далеку од она што ние сакаме да го видиме. Едноставн имаме чувство како организација која собира податоци од теренот дека кампањата не е сосема транспарентно израпортирана, односно не се финансира на транспарентен начин“, велат од ЦИВИЛ за 24 Вести.
Финансирањето на изборните кампањи во минатите циклуси отвораа сомнежи за неправилности, а беа предмет и на бројни анализи и истражувања. Рекламите и предизборните активности на партиите се чинат далеку поскапи од прикажаните суми во извештаите.
Особено сомнителен е финансискиот извештај на СДСМ. Прикажани потрошени средства само 17 000 евра од кои 12, 5 се одлеале на сметка на Алсат М ТВ. Значи со 4.700 евра ги плаќале останатите рекламите на телевизиите, на интернет порталите, на билбордите низ градовите, на социјалните мрежи, со овие 4.700 евра исто така се испечатени и пропаганден материја како летоци, плакати, програми, маици, упаљачи, пенкала и уште многу други работи кои партијата ги користат во кампања???
Освен првичниот извештај, втор отчет партиите ќе треба да дадат и до 14 октомври, а конечен финансиски извештај ќе треба да поднесат 30 дена по затворањето на нивните изборни сметки.