До 15 октомври организираните летови со туристи

Завршува сезоната на брегот на Охридското езеро. До 15 октомври се организираните летови со туристи од Холандија и Полска.

 

Според официјална статистика туристите од Турција биле најбројните гости ова лето.  Само во месец јули,   дури 25 000 гости од Турција ја посетиле Македонија и Охрид , после нив следат Србите со бројка од околу 9000, потоа Холандија и Полска со речиси исто , околу 5000 туристи, а по нив  гостите од соседна Бугарија со околу 4000.

-„ Дојдени сме во период  во кој што очекуваме во наредните години да се изедначат бројот на домашните и странските гости. Знаеме дека минатите години и децении наназад бројот на домашните туристи неколку кратно доминирал врз бројот на странските гости  а странскуте турисит се оние кои што својата побарувачка ја адаптираат согласно понудата“,  вели Гоко Апостолов раководител на Сектор за туризам.

Иако заводот за статистика не го издвојува Охрид од останатите градови,  сепак во јули  во  посетеност предводат езерските места со 89 157 туристи,  кои отвариле   457 023 ноќевања. Најголемиот дел од гостите спиеле во хотели со 4 ѕвезди, а  најмалку во пансиони и апартмани.  Само 4500 гости биле сместени во авто кампови.

-“ Едно е да имаме поголем број туристи кои што ке бидат сконцентрирани само на плажите  и во угостителксите објекти а друго е кога имаме туристи кои што ги опфаќаат и другите сегменти од туризмот“, вели Гоко Апостолов.

Според државниот завод за статистика и во месец јули годинава пораснал бројот на туристи  за 18,3%, во однос на лани ,  а бројот на  ноќевањата е зголемен за 10.9%.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани