Трајкоски најави нови проекти за Дебарца

Времето кога можеби некој веруваше во лаги и од ракав извадени проекти само колку да се замајува јавноста е веќе изминато во Општина Дебрца.

Иако таквата практика ја гледаме во изборната кампања на СДС, тоа е само еден дел по кој се разликуваме од нив, рече градоначалникот Игор Трајкоски на денешната прес конференција.

ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови туку зборови кои преминале во реализирани проекти. За развојот на Дебрца неопходно е во секој сегмент во секое село да се спроведат ветените проекти, ние започнавме од основните и најпотребните и ќе продолжиме. Ќе продолжиме со уште посилно темпо бидејќи тоа им го должиме на нашите сожители.

Во тој аспект би сакал да укажам на партерното уредување, како дел од секоjдневното живеење, и во оваа прилика ќе ја искористам да Ве потсетам на дел од досега реализираните проекти од областа на партерното уредување.

– Реконструирани извори во с.Велмеј
– Реконструирана Чешмата во Село Лешани
– Реконструикција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта
– Партерно уредување на просторот околу Изворите ,,Долни Исток,, и воденицата во Село Велмеј
– Изградени се видиковци во местата Сини Вирој и Требенишко езеро, поставени се маси со клупи за одмор, корпи за отпадоци, информативни табли, паркинг за велосипеди, патоказни табли за информирање на повеќе локации во општината

Денес ќе презентирам проекти од новата Програма од областа на партерното уредување. Со овие проекти ќе се добијат убаво уредени места каде ќе може населението да се релаксира, разговара и да го поминува слободното време. Со новата програма ќе се раализираат следниве проекти:

– Проект за Изградба на плоштади во селата, Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино, Ботун, Злести, Белчишта, Лешани и Велмеј
– Проект за Партерно уредување на речни корита во населените места Белчишта, Злести, Климештани и Волино
– Проект за Изградба на Видиковци и Пешачка патека за локалитет Сини Вирој,с.Белчишта.

Почитувани, потребна е уште еднаш потврдата кон она што е пракса на ветување, реализација, отчетност, потребна е потврда на политиката на ВМРО ДПМНЕ и кон мене како кандидат за градоначалник заедно со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Сигурен сум дека нема веќе двоумење во изборот и заокружување на број 13, за уште една убедлива победа и за уште едни убедливо реализирани проекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани