Трет ден блокада на Ќафасан, товарниот сообраќај во целосен застој

На граничниот премин  Ќафасан,  трет ден товарниот сообраќај е целосно парализиран. Десетици камиони од четириесетина  транспортни компании од Охрид, се паркирани  на границата, со што е блокиран влезот и излезот на товарни возила.

Превозниците  од вчера  излегоа на протести на сите гранични премини,  поради новите, како што велат, ригорозни правила за електронско броење на деновите на престој во Европската Унија. Тие   стравуваат дека лесно може да го надминат дозволениот лимит од 90 дена и да бидат казнувани или депортирани. Бараат итни решенија.

-Бараме решение, сигурно може да се изнајдат начини. Да немаме третман како туристи туку да имаме дозвола за работен престој низ ЕУ, вели Митко Ткрстаноски координатор на протест Ќафасан.

Камионџиите велат со електронскиот систем воведен од ЕУ  транспортната индустрија во земјава ќе доживее колапс, а целосно се загрозува опстанокот на илјадници семејства кои живеат од транспортот.

Блокадите се најавени да траат најмалку седум денови, со можност за нивно продолжување. Се до 7знаоѓањето на решение.  Инаку Ќафасан  се смета за  еден од  најфеквентните гранични премини, секојдневно го користат  голем број товарни возила, кон Албанија,  најчесто на релација кон пристаништето Драч.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани