Триесет лица лани загинале на работно место

Македонија на црната листа по бројот на несреќи при работа. Само во 2017 година регистрирани се вкупно 134 повреди при работа, а голем број завршиле фатално. Печалејќи парче леб триесет лица го загубиле животот.

 Најчесто страдаат  работници кои се занимаваат со  физичка работа, вработени  во рудници и каменоломи, градежни работници, вработени во фабрики и далноводи, трактористи и багеристи.

-„Статистиката во  Македонија за жал се уште е црна. Некако кога станува збор за смртни случаи  ќе видиме само на медиумите и тука застанува забораваме дека тука станува збор за едни човечки судбини семејства кои останале без својот член. Кога ме прашувате колку е свеста на работникот  годиниве наназад можеби има подобрување но се уште постои страв кај работникот дека ќе го изгуби своето работно место доколку пријави“  , вели Адријана Зафировска портпарол на Македонското здружение за заштита при работа.

Македонското здружение за заштита при работа со обуки и проекти се обидува да ја подобри оваа црна  слика. Се бараат дупките во законот , кои ги злоупотребуваат работодавците . Со измени во  законската регулатива  , особено со  построги казни  се очекува поголема  безбедност на работниците.

-„Законот е добро уреден меѓутоа колку тоа се имплементира во пракса. Според стручните лица секако дека треба измени во законот некои измени во законот велат дека се како лепенки додадени. Почнавме процес да видиме каде се недостатоците почнавме и во оној дел да се вметне и во средно образование започнавме кампања за млади и безбедни генерации од тука да почне таа основа на едукација“, додава Зафировска. 

Деновиве во Охрид се одржува  работилница за подобрување на капацитетите  на организациите кои се дел од Националниот совет за безбедност и здравје при работа.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани