ТУИ операторот ТУИ за ова лето најавува 20% повеќе туристи од земјите на Бенелукс.
Шест чартер летови неделно ќе слетуваат на охридскиот ареродром во главната туристичка сезона.
-„Можам слободна да кажам дека имаме пораст на туристи. Во ниска сезона лани имавме четири чартер летови Амстердам Охрид и Ајнховен Охрид, а оваа година во нсика сезона пет, а во висока сезона шест летови“, Челик Асим ТУ Охрид.
-„Повторно го зголемуваме бројот на туристи. Воведуваме нови чартер летови. Ќе летаме два пати од Ајнховен и четири пати од Амстердам. Очекуваме 16 000 туристи за летото 2018 година“, вели Жак Кријнон ТУИ Холандија.
Според анализите на ФТУ се очекува зголемување на бројот на странски туристи за 12%, а бројот на домашни гости за околу 3,5 %.
-„Во последните десет години имаме позитивни трендови посебно кај странските туристи, кај домашните имаме колебање, осцилации околу некоја средна вредност меѓутоа оваа година очекуваме бројот на домашни и странски туристи а со тоа и бројот на ноќевање да бидат зголемени“, вели деканот на ФТУ ЦВетко Андреески.
До пред неколку години Охрид беше препознатлива дестинација само за постарата генерација, за среќа тоа веќе се менува. Полека почнуваат да доаѓаат и помлади туристи.Тоа е добро Охрид станува дестинација и за младите, но треба да работиме на подобрување на понудата за помладата популација, советуваат туристичките работници .