ТВ О2 ја изгуби дозволата за работа

Регионалната ТВ О2  и уште пет  ТВ куќи низ земјава  ја изгубија дозволата за работа.

Првенствено операторот „БУМ“ на 17 Ноември ја исклучи О2  телевизија од етер  поради неисплатени долгови. Законски во рок од еден месец ако не се подмират обврските телевизијата ја губи лиценцата за работа. 

ТВ О2 со седиште во Охрид започна со работа во ноември 2014 година и за само еден месец работа во завршната сметка  прикажале 20 милиони денари приход. За изминативе три години зад себе во завршните сметки на О2 биле прикажани 60 милиони денари  приход. За споредба останатите регионални ТВ куќи во земјава,  кои повеќе од две децении зрачат во етерот годишно прикажуваат од 8 до 10 милиони денари приход. 

ТВ О2 повеќе пати  била  фиктивно прикажувана како најгледана ТВ куќа во регионот, за на неа да има стотици емитувања на владини реклами. 

СЈО веќе води постапка за шест регионални ТВ куќи кои започнаа да зрачат во 2014 година во земјава. Веќе се повикувале раководни лица на распит во СЈО. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани