Хорор во Струга:го прободел со нож а потоа го тепал

Вистински хорор се случил минатиот месец во Струга.28 годишен стружанец бил прободен со нож, потоа врзан со јаже и тепан. Тепачот му го украл и автомобилот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(40) од Струга,поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“.Пријавениот на 24.11.2017 година во Струга во возило,после вербална расправија со М.И.(28) од Струга,којашто прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И.со нож во грбот, и откако овој паднал на земјата,пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете,противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани