Убиен Дилавер Бојку Леку

Убиство се случи предмалку во Струга.

Како што дознава Охриднет, пред околу еден час дошло до пукање на плажа во близина на еден угостителски објект што бил во близина на кружниот тек кај муслиманските гробишта на влезот во Струга. Дознаваме дека со пиштол било стрелано кон познат жител на селото Велешта, некогашен сопственик на ноќниот бар Експресо.
Многу полиција има во Струга, велат наши читатели од Струга кажуваат дека на мета бил Дилавер Бојку Леку кој бил пренесен во болница. Додаваат дека полицијата била „многу раздвижена“ и вршела увид на местото каде се случило пукањето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани