ФОТО: Леку убиен на сопствената плажа

Убиен Дилавер Бојку Леку.Познатиот бос на струшкото подземје од Велешта, денес попладне беше убиен на сопствената плажа Аква Блу скај.

Непознато лице испукало повеќе куршуми со пиштол, а потоа се качил на мотор и избегал.
Леку бил донесен во болница со повеќе прострелни рани во пределот на главата.

– Видени се кај него прострелна рана на главата, веќе беше во агонија односно во биолошка смрт иако се обидовме со анестезиологот со брза интервенција интубација мегутоа не се успеа да се врати во живот, вели доктор Илми Речи од струшката болница.
Полицијата формира оперативен тим и се преземаат мерки за пронаоѓање на строителот .

 

Во јавноста се погласно се зборува дека се работи за крвна одмазда. Братот и синот на Дилавер Бојку пред две години беа обвинети за убиство на 23 годишно момче од селото Долна Белица. Синот на Дилавер е во бегство, а братот се уште во притвор.

Дилавер Бојку Леку од Велешта беше познат во македонската јавност. Неговото име се поврзуваше со криминал и проституција. Го нарекуваа балканскиот бос на проституцијата , беше во бегство а после екстрадицијата од Црна Гора лежеше во затвор.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани