Учениците од угостителско освоија прво место за „најдобар штанд“

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ од Охрид постигнаа значаен успех на државниот натпревар „Образовно рандеву МАССУМ 2026“, освојувајќи го првото место во категоријата „Најдобар штанд“. Натпреварот се одржа на 23 април во Богданци, во конкуренција на повеќе стручни училишта од државата.

Во победничкиот тим се: Вељаноски Денис, Вероника Петроска, Ана Стојаноска, Елена Стаменкоска, Дамјан Чолакоски, Андреа Бимбилоска, Марио Здравески, Тамара Црвенкоска, Јован Андов, Давид Димоски, Џани Луманоски, Армин Абас и Ибрахим Фазли. Тие работеа под менторство на професорките Катерина Џамбазоски, Елена Спировска и Катерина Тодороска.

Од училиштето информираат дека успехот е резултат на труд, посветеност и тимска работа, нагласувајќи дека учениците уште еднаш покажале дека знаењето и упорноста носат врвни резултати.

Со овој успех, охридските средношколци го потврдуваат континуитетот на квалитетно стручно образование, а од училиштето најавуваат дека ќе продолжат со истата енергија и мотивација и во наредните предизвици.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани