ЕУ-амбасадорот Михалис Рокас денеска престојуваше во Струга, каде оствари средба со градоначалникот Менди Ќура.
На средбата беа разменети информации за актуелните состојби во општината, при што се дискутираше за веќе реализираните, тековните, како и за потенцијалните проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на можностите за идни инвестиции и соработка преку европските фондови.
Во разговорите, соговорниците се осврнаа и на придобивките што процесот на пристапување кон Европската Унија ги носи на локално ниво, особено во делот на развојот на инфраструктурата, економијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Средбата беше оценета како значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу општината и европските институции.


