Удавеното момче кај „Бафало Бич“ се самоуби?

 И после една недела, откако беше пронајден мртов во водите на Охридското езеро на „Бафало Бич„ се уште нема официјални информации од обдукцискиот наод.

Охриднет дознава дека на телото на 24 годишниот Филип Горгиоски од Кичево немало видливи траги на насилство. Младото момче се претпоставува дека си го одзело животот со давење во Охридското езеро. Неговото исчезнување било пријавено на 16 ноември, а телото беше пронајдено на 18 ноември од случаен минувач. 

Филип со години живееше во Охрид. Работеше како келнер во охридските кафулина и ресторани. Последните месеци беше вработен во сендвичара на градскиот плоштад. Оние кои го познаваа раскажуваа дека било мирно, воспитано и културно момче. 

Поблиските велат бил психички нестабилна личност. И во минатото се обидел да си го одземе животот пиејќи преголема количина на медикаменти. 

Нема официјално соопштение од Јавното обвинителство, но со самото тоа што  не е  покрената  истрага за случајот,  значи не постои сомнеж за никакво насилство, туку се работи за самоубиство. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани