Маскираниот разбојник со пиштол влегол во банката и од вработените побарал да му го наполнт ранецот со пари.
Според полициското соопштение, на 24.11.2017 година во 09.10 часот во експозитура на „ТТК Банка“ на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга непознат сторител извршил разбојништво над вработените. -Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел околу 220.000 денари (1600 евра, 500 швајцарски франци и 100.000 денари). Сторителот влегол во банката, го вперил пиштолот кон една од вработените барајќи и пари, а воедно и фрлило ранец. Вработената во ранецот ги ставила парите, по што лицето побегнало во непознат правец, информираСтефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, додаде портпаролот Димоски.