Собранието го усвои предлог-законот за измени и дополнувања на законот за акцизи со што, зголемување на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година.
Зголемувањето на акцизата на нафта Владата го предложи како измена на даночната регулатива. Притоа, нагласи дека ефектите од оваа мерка се зголемување на буџетските приходи, усогласување со европските стандарди и регулативите на Европската Унија, како и заштита на животната средина, односно намалување на загадувањето.Со овој закон се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.Зголемување на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година изнесува 1,6 милијарди денари.