Угостителите ги отворија вратите

После три месечна  пауза угостителите  денес  ги отворија вратите.

Во кафетериите утрово   немаше гужва.   Масите распоредени според препораките, на растојание од метар и половина персоналот со маски и ракавици, на секоја маса  средство за дезинфекција.

И  кафанџиите  и гостите среќни, помалку возбудени ,но  сите строго почитуваат препораките.

-„Се чувствуваме многу добро, после долго време еве седнавме на кафе. Ги почитуваме мерките. После 66 дена добро ни се погоди“, вели еден охриѓанец.

-„Фала Богу додје живот може да седнеме раат. Вака  конечнокконечно еден човек на раат кафе ќе се напиеш“, вели друг охриѓанец.

 -„Јас сум од Куманово сега дојдов од Охрид. Дали се чувствуваме заштитени, хм  да,  индивидуално кој како го прифаќа тоа. Мислиме дека е во ред сега засега па ќе видиме“, ели една гостинка од Куманово.

– „Многу е потешко да се работи, работата е усложнета затоа што келнерот цел ден мора да има маска нараквици. Се потат раце. Многу е потешко за работа отколку во нормални услови“, вели Игор Иванов угостител.

Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона засега не се знае, се ќе зависи од намалување на мерките и отворањето на границите во земјава.

– „Работиме со намален капацитет ни пола од капацитетот, со скратено работно време, хотелите не се отвораат се уште нема протоколи за работа на хотелите, така да само во август и септември нема да се извлечиме тоа е факт“, вели Иванов.

Стравот од корона вирусот се уште лебди меѓу сите. Похрабрите седнуваат во кафана, некои велат да се намалат препораките,а потоа ќе посетат  ресторани и кафулиња.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани