По речиси еден месец укината забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга.
Според последните анализи на надлежните институции, параметрите на водата се во дозволените граници, стружани конечно имаат питка вода.
Забраната беше воведена поради зголемена матност на водата од изворот „Шум“, што доведе до повеќенеделни рестрикции и снабдување со вода преку цистерни. Загадувањето на водата беше предизвикано од нелегални ископи на минерали и се уште е под лупа на ЈО.
Надлежните апелираат и понатаму внимателно да се следат препораките на институциите, додека редовно ќе се вршат дополнителни контроли на квалитетот на водата.
