Уште едно обвинение против Мерко

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе уште еден Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, за „Несовесно работење во службата“ за повреда на законските прописи при именување вршител на должност директор на општинско основно училиште во селото Радолишта.

Според ОЈО, Мерко свесно ги повредил законските прописи при именување на в. д. директорот. „Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12 јануари 2022 за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа“, стои во соопштението од ОЈО.

Именуваната ја вршела функцијата директорка на училиштето во периодот од 12 јануари 2022 до 31 јули 2023, за кој период ѝ биле исплатени плата и придонеси како в. д. директорка со што му била нанесена штета на училиштето. За истите обвиненија вчера во Основниот суд во Струга се водеа две судски постапки против струшкиот градоначалник.

Едната постапката е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани