Во полицискиот билтен вчера се регистрирани две тепачки во Охрид.
На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во другиот случај:
На 16.02,2022 година во 18.45 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, З.А.(69), Н.Д.(47), З.А.(45) и Е.Д.(47), сите од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан ДИмоски.
