Жител на охридското село Велгошти паднал од осми кат во Скопје.
Охриднет дознава дека човекот бил на педесетгодишна возраст. Од засега непознати причини синоќа паднал од висококатница од Скопје. Според првичните сознанија до кои успеавме да дојдеме станува збор за човек кој потекнува од познато семејство од Велгошти. Бил познат наставник и директор на основното училиште во село Велгошти.
