Велосипедистите со години бараат велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Неодамна, со Ипа вело тура, која ја подржаа над 120 велосипедисти се реафирмира идејата за изградба на безбедна велопатека меѓу двата крајезерски градови, но и патека кон населбата Свети Стефан.
Во современите земји велосипедизмот е начин на живот, треба да се работи на проширување на велосипедската мрежа.
-„ Урбаниот велосипедизам станува начин на живот, стил на живеење рекреативниот велосипедизам исто така иамнентен е не само за охриѓани и стружани, но многу повеќе и за туристите кои доаѓаат во овие два крајезерски града генерално на нашето подрачје. И оттука сметам дека Охрид и Струга посветуваат внимание на проширување на велосипедкста мрежа тоа е видливо и за поздравување, но она што гренерално е проблем е несигурност и небезбедност на велосипедистите како ранлива категорија на учесници во сообраќајот. Во услови кога светот гради велосипедски патишта ние борба водиме како да обезбедиме една велосипедкса патека меѓу градовите Охрид и Струга“ , изјави Стефан Димоски претседател на ИПА.
Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Токму затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста.
– „Ранлива категорија, но морам да кажам дека во сферата на безбедноста значително се загрозени велосипедистите посебно на тој патен потег. Ние имавме неколку сообраќајни незгоди со жртви велосипедисти. Симболично сакам да кажам дека поминувајќи на тој патен потег автобусите камионите возилата ни поминуваат до рамо Така да можете да замислите колкава е таа сериозна опасност. А тој потег е многу атрактивен велосипедизмот е љубов и убаво е да се вози со неверојатен поглед кон Охридското Езеро“
Придобивките од изградба на современи велосипедски патеки во двата градови ќе бидат големи. Како рекреативна и безбедна инфраструктура дополнитлно ќе привлекуваат туристи.
Новинар Соња Рилковска