Вето од претседателот Иванов на Законот за употреба на јазици

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска не го потпиша указот за Законот за употреба на јазиците и за тоа писмено го известил и Собранието.

Еден ден пред истекот на рокот кој претседателот Ѓорге Иванов го имаше за одлучување, соопшти дека става вето на законот за Законот за употреба на јазиците. Според него, законот бил усвоен без јавна расправа, без научна дебата, без вклученост на академската и стручна јавност и без опозиција.Во своето обраќање доцна попладнево Иванов повтори дел од ставовите изнесени во неговото годишно обраќање – дека е злоупотребено европското знаменце на законот и дека со него се воведува скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загрозување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани