Во знак на револт вевчанските вмровци денес го блокираа граничниот премин Ќафасан.
-„Денес преку блокирање на граничниот премин „Ќафасан“ го изразивме својот револт од начинот на владеење на оваа гарнитура на централно ниво предводена од СДСМ. Правдата и разумот ќе победат. За таа цел бараме: Веднаш да прекинат овие монтирани политички хајки што се спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27 Април, со што не враќаат назад 70 години, во времето на Информбирото. Им даваме поддршка на сите оние кои се неправедно притворени и обвинети за тероризам. Сите ние знаеме дека тие немаат никаква вина“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани Горги Влајнкиноски.