Вевчани е подготвоно за пречек на Нова година,а угостителските објекти се целосно закупени,информираат сопствениците на вевчанските објекти.
Најмногубројни се домашните гости,од кои најприсутни ќе бидат од Скопје,но ќе има и од другите градови.
-„Вевчани ќе биде подготвено за новогодишните празници.Интересот е голем,дел од рестораните се резервирани,а исполнети се и сместувачките капацитети.Најмногубројни се гоститите од Македонија“,истакна сопственикот Mише Шутиноски на „Ресторан Апартман Шутиноски“ Вевчани.
Покрај во природните убавини со кои изобилува Вевчани и верско – културните објекти гостите,како што нагласи тој,ќе може да уживаат во традиционалната вевчанска храна.
-„Цените се солидни и реални.Се нудат производи од нашето поднебје,домашно вевчанско вино и ракиј,познати вевчански луканци ,кашаник… Гостите ќе имаат избор богато мени иќе може да уживаат во убавата вевчанска природа“ – изјави Шутиноски.
Сепак,кулминацијата на празнувањата во Вевчани се очекува за верскиот празник Василица или Стара нова година, на 13 и 14 јануари кога се одржува познатиот Вевчански карневал,а населбата ќе биде полна со гости од земјава и странство.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
