Од завчера Вевчани без струја. Жителите реагираат и бараат веднаш ЕВН да обезбеди непречно снабдување на општината со електрична енергија.
Револтирани велат деновиве се куќни слави, именени, празници, а ние останавме во мрак.
Повремено доаѓа струја и набрзо се исклучува. Прашувавме во ЕВН никој не ни дава никаков одговор. ладно време, сега скоро секоја втора куќа се грее на струја, или со клима или си пелети. Ова е срамота. Итно бараме решение на проблемот, велат револтирани жители на Вевчани.