Под мотото „сите сме исти“ 29 годишниот Алекса Петровиќ од Јагодина – Србија со својата инвалидска количка учествува на охридскиот маратон „Охрид ТрчаТ“.
Неговиот со-тркач Марко, цели 20 км со трчње ја турка количката, рамо до рамо со маратонците и спортистите.
Нивната порака е силна да запре дискриминацијата на инвалидизираните лица, бидејќи и тие заслужуваат да бидат дел во социјалниот живот.
-„Како што кажал Нелсон Мендела спортот ги поврзува луѓето и тука се губи секаков вид дискриминација помеѓу луѓето. Мене ми е многу важно Алекса пред се да почуствува дека тој овде припаѓа и едноставно да има убави спомени. Што велам јас кога ќе ги погледнеме медалите или некоја слика од нашите трки се сеќаваме на секој детал“, вели Марко Гајиќ – спортист.
Алекса сам се пријавил да учествува на охридскиот маратон, бидејќи во Охрид има роднини. Не се плаши од висините и калдрмата во Стариот град, бидејќи досега истрчале многу маратони, освоиле медали и се први во Европа кој учествувале на планинска трка.
„Нашата најдолга трка е 42 километри цел маратон, го истрчавме во Јагодина. Два пати во Сараево тоа е официјално што сме истрчале. Имаме една треил планинска трка тука сме единствени во Европа со лица со инвалидитет“, додава Гајиќ.
Алекса веќе пет години учествува во трки, тоа го прави особено среќен, блеска од радост, што потврдува неговата насмевка и сјајот во очите. Тој и неговиот со-тркач се мотивација за сите- инвалидитетот не е препрека за создавање мигови и спомени за паметење.
ВИДЕО