Во струшко недостигаат сместувачки капацитети

Струга во сенка на Охрид. Градот на две води заостанува во туристичкиот развој.Една од причините е тоа што недостигаат сместувачки капацитети.

За разлика од охридското, на струшкото крајбрежје има само неколку современи хотелски капацитети и мора да се размислува за инвестиции за привлекување на што повеќе гости.

– „Секогаш Струга ни каскала позади Охрид, тоа е поради тоа што има помали сместувачки капацитети. Да се вложува во дестинацијата, можеби има убави ресторани, но кога се во прашање сместувачките капацитети ги имаме помал број за разлика од охридската ривиера.Се надевам во годините пред нас ќе имаме поголем број вложувања во категоризирани сместувачки каацитети“ , вели Љупчо Јаневски директор на АППТ.

Инвестициите во туризмот треба да бидат во склад со заштитата на животната средина и препораките на Унеско. Потребни се еко – зелени хотели.

-„Треба да почне циклусот на вложувања во зелената енергија, во зелените ѕвездички од Охрид и од Струга. Новите инвестиции да ни бидат еко, да имаме што повеќе вложувања во зелени работни места и да нудиме одредени фомри кои што ќе бидат во природа. Верувам се повеќе и повеќе ќе се случува во иднина“, вели Јаневски.

Мал е брјот и на категоризирани луксузни апартмани во приватното сместување во струшко. Според статистичките податоци Струга лани ја посетиле 63 527 туристи, од кои 49 697 биле домашни, додека бројот на странски туристи бил тројно помал, односно 13 830 туристи.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles