ВИДЕО: Беснее пожарот на Галичица, очајнички се бара воздушна поддршка

Состојбата со пожарот на Галичица од миг во миг се влошува. Два денови нема интервенција од воздух па пожарот се проширува на три фронта. Според последните информации на терен огнот веќе навлегува во шумата над Стење. Постојано се слушаат експлозии од гранати од Првата Светска војна.
Загрозена е источната страна од Преспа и северната кон Охрид и кон Војтино. Има три големи фронта во должина на повеќе од 6 километри. Потребна е итна воздушна поддршка.

-Шумата над Стење е веќе зафатена, голем фронт е направен вдолж Преспанското Езеро паралелно со источната линија. Дополнително и северната линија е зафатена пожарот се наближува над куќата на Црвениот крст а трета линија паралелно со Охридското Езеро над Љубаниште. Очајнички бараме воздухопловна поддршка. невозможно е да се спречи ширењето само од копно. Се даваат натчовечки напори да се спречи навлегувањето во буката и чамот. Се штити куќата и објектот на Црвен крст и по фронтот се распоредени силите. Апелираме за воздушна помош“, вели Ѓуро Јовчески.

Триесеттина луѓе се на терен и вложуваат надчовечки напори да се спречи пожарот.
Распоредени на фронт од раните утрински ќасови се вработени во НП Галичица, спасителната планинска служба, доброволци , парк на природата Езерани Ресен, и дирекција за заштита и спасување .

Видео:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани