Заврши Културно лето Пештани 2024. Од 11. до 13.август љубителите на уметноста во туристичкото село уживаа во спојот на серенадите проткаени со поезија и проза.
Оваа манифестација, чија цел е промоција на културата е збир на ликовна, книжевна,музичка и драмска уметност. Цртање, сликање, музички настапи, поезија проза и изложба на ракотворби од културната работилниц, беа дел од настаните на програмата.
Еден од највпечатливите настани е сликање и цртање на зајдисонце, од каде прозилегуваат уникатни ументички дела. Организаторите се задоволни од посетеноста
-„ Оваа манифестација веќе стана традиционална, се одржува со поддршка на општина Охрид, мултидисциплинарна е значи сите уметности ги споивме во една и драмската, книжевната, музичката и сликарството . имаме голема поддршка и од локалното население мислам дека уживаа во рпограмата што ја направивме. Вклучени беа посебно младите и акцентот секогаш го ставам на младите, беа присутни и локалното население но и многу туристи. Сликавме со најмладите, воодушевени беа од тоа што го направија со моја поддршка и навистина беше прекрасно на зајдисонце, младите направија прекрасни пејсажи “ , вели Валентина Толеска организатор на Културно лето Пештани.
Лани манифестацијата траеше шест денови, годинава три. Организаторите планираат проширување на оваа кутлурна манифестација со повеќе содржини и нејзино развлекување повеќе денови.
-„ Јас потекнувам од Пештани, живеам во Скопје , но секој си го сака родното место, јас многу го сакам. Пештани е едно живописно место на толку убава местоположба и туристичко место и заслужува да има повеќе културни настани а немаше ниту еден. Јас затоа се потрудив да направам. Ќе се потрудам овој настан да го направам да биде на повисоко ументичко ниво тоа ми е целта. Предлог имам од Росица ќерката на Борко Лазеки, кој ги сликал пештанслите рибари има скици и монографија и ке се потрудиме в година да направиме една посебна вечер за Пештанските рибари, да се видат на местото каде се работени“, додава Толеска.
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.
Новинар Соња Рилковска
Галерија