Викендов „сефте“ капење во Охридското езеро

Викендов падна првото капење, или како охриѓани љубат да кажат „сефте“  во водите на Охридското езеро.

Еден од похрабрите охриѓани беше Љупчо Стојкоски Лепи од Охрид. Познатиот екологист и вљубеник во природата е еден од првите кои ги „вкусија“ ладните води на езерото. Температурата на воздухот беше 21 степен , а на водата само 15 степени. 

На плажите веќе има посетители но повеќето се сончаат на убавото сонце. 

 

Social profiles