Виктор Мизо е новиот управител на “Костал”

Виктор Мизо, кој до пред еден месец беше прв човек на Дирекцијата за индустриски зони, седнал во директорската фотелја на германската инвестиција „Костал“, објави порталот Призма.мк.

Во текстот се вели дека токму Мизо во 2015 година во име на Владата го потпиша договорот со странската компанија која отвори фабрика во зоната во Струга. Според Законот за спречување на судир на интереси, службено лице во рок од три години по заминување од функцијата не смее да се вработи во друштво со кое имал воспоставено каков било договорен однос. Мизо за Призма изјавил дека нема ништо спорно во неговиот трансфер во „Костал, бидејќи компанијата договорот за инвестирање го склучила со Владата, а не со Диреkцијата на чие чело беше повеќе години. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани