Владата на СДСМ ветува нови 100 000 работи места

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески синоќа присуствуваше на средба со граѓаните во Охрид каде порача дека граѓаните секојдневно се придружуваат семејството на СДСМ и го поддржуваат концептот којшто се грижи за граѓаните, концепт којшто победува.


– На 12 април добиваме чист мандат по што продолжуваме со промените! Просечната плата ќе достигне 36.000 денари, а невработеноста во новиот мандат ќе падне на 8%, порача Митрески.

Митрески кажа дека владата предводена  од СДСМ, успеа за 2 и пол години да отвори 60.000 нови работни места, а во следните 4 години ќе се обезбедат нови 100.000.

Денес сме 30 земја членка на НАТО и ќе отвориме преговори со ЕУ. Одиме по прав пат и затоа на 12-ти април убедливо ќе победиме, рече Митрески на средбата во Охрид на која присуствуваше и пратеничката Жаклина Лазаревска, се наведува во соопштението на СДСМ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани