Вмро Дпмне по традиција кампањата утре ја почнува од Охрид.
За разлика од минатото, поради пандемијата со корона вирусот, ќе изостанат масовни митинзи на градскиот плоштад.
Предвидено е средба со граѓани на која се очекува да се почитуваат препораките. Лидерот на партијата Мицковски ќе ја презентира изборната програма прво во село Влегошти во 17ч , а потоа во 20 часот на градскиот плоштад Свети Клиемнт Охридски.
На настанот покрај кандидатите за пратеници од Охрид Кирил Пецков, Лидија петкоска и Грација бакраческа ќе присуствуваат и носителот на листата Игор Дурловски.
