Пред извесно време од печат излезе книгата „Во чекор со судбината“, посветена на животната приказна на Марко Пејчиновски, напишана од неговиот татко Тони Пејчиновски. Делото претставува длабоко личен и искрен запис за живот исполнет со предизвици, губитоци и постојана борба со околностите.
Насловот симболично го отсликува патот низ кој минува главниот лик – чекорење низ настани кои животот ги носи без предупредување, а кои бараат храброст, истрајност и непомирување со поразот. Книгата не нуди готови мотивациски пораки, туку реален приказ на соочување со тешки животни ситуации и учење низ искуството.
Во неа се опфатени најзначајните моменти од животот на Марко, прикажани низ погледот на родител кој одблизу ја следи борбата и растењето на својот син.

„Во ‘Во чекор со судбината’ се опфатени лични подвизи и падови, години исполнети со препреки и искушенија, загубата на мајка ми, како и животните лекции што произлегуваат од тие искуства. Приказната е раскажана без разубавување, низ перспективата на татко кој ја документира борбата, растењето и животниот пат на својот син“, вели Марко.
Дел од приходот од продадените книги се донира за хуманитарни цели. Нарачајте книга, прочитајте за мојата приказна и помогнете таму каде што е најпотребно.
Книгата е самостојно издание, без издавачка куќа, а може да се набави исклучиво преку директен контакт со авторите:
-
телефон: 077 844 233
-
порака преку Instagram и Facebook
